Се нудат 36 хектари државно земјоделско земјиште за изградба на расадник за градинарски култури и подигнување на долгогодишни насади. На огласот се понудени две парцели кои се наоѓаат во катастарската општина Бањица.
Парцелите се наменски. Првата, на 23 хектари за изградба на објект за сушење и дестилирање на земјоделски производи со минимална инвестиција од 100.000 евра и рок за изградба од 4 години.
Втората од 13 хектари е наменета за изградба на оранжерија за производство на најмалку 20.000.000 садници за градинарски култури со минимална инвестиција од 1.200.000 евра со 4 години рок за изградба.
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни и странски правни лица кои мораат да достават и банкарска гаранција за учество на јавен оглас во висина на понудена девет месечна закупнина.
Изборот на најповелен понудувач е со електронско јавно наддавање.
Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас.