Агенцијата за катастар на недвижност работи на воспоставување на систем за масовна проценка на недвижностите

Posted by on

Агенцијата за катастар на недвижност веќе 2 години со полна пареа работи на воспоставување на системот за масовна проценка на недвижностите систем кој ќе им овозможи на општините едноставен и воедначен налчин на наплата на данокот на имот и систем кој ќе овозможи точни податоци за пазарната вредност на недвижноста на комерцијалните банки, проценителите и сите државни органи во секое време. Агенцијата за таа цел на 18 Март минатата година го воспостави Регистарот на цени и закупнини со што им се овозможи на граѓаните на Република Македонија пристап до сите информации поврзани со трансакциите на недвижниот имот. Регистарот на цени и закупнини претставува само еден подсистем, односно еден дел од системот за масовна проенка на недвижностите, односно почетен инпут на податоци кои ќе ги користи системот за масовна проценка. Преку ГИС порталот на Агенцијата (http://gis.katastar.gov.mk/arec/ ) граѓаните имаат можност да ги добијат сите информации за одредена трансакција, нејзината макро локацја, односно катастарската општина на чија територија е извршена транскацијата, типот на трансакцијата (продажба, закуп итн.), вредноста, валутата во која е изразена вредноста, површината на парцелата и датумот на кој е реализирана транскацијата. Покрај податоците кои се достапни на нашиот ГИС портал, Агенцијата за катастар на недвижности за професионланите корисници го нуди целосниот сет на податоци од Регистарот на цени и закупнини.

Агенцијата за катастар на недвижности со измените на законот за катастар на недвижности донесени во Април 2013 година стана надлежна за воспоставување и одржување на системот за масовна проценка во република Македонија. Реализација на проектот започна со изготовка на студијата за Воведување на системот за масовна проценка на недвижноститево Република Македонија изготвена од експертот Душан Митровиќ од Република Словенија, кој заедно со одбран тим од Агенцијата започна со работа во септември 2013 година. Студијата даде детални насоки за вопоставување на системот за масовна проценка, детални анализа на состојбата во Република Македонија, пред се во делот на пазарот со недвижности како и наплатата на данок на имот и данокот на промет, како и детален акционен план со зацртани активности преку чија реализација би се воспоставил систем за масовна проценка на недвижностите. Еден од главните проблеми кои произлегоа од направената анализа беше малата транспарентост на пазарот со недвижности, односно малиот број на информации кои се нудеа на јавноста во врска со недвижиностите, нивната вредност, нивните карактеристики како и информации за атрактивноста на одредена локација.

Со цел да се зголеми транспарентноста на пазарот на недвижности се направија промени во Законот за катастар на недвижности (Службен весник 115/2014) усвоени во Август 2014 година со кои Агенцијата стана надлежна за воспоставување и одржување на Регистарот на цени и закупнини. Регистарот на цени и закупнини претставува јавен регистар во кој се евидентираат сите транскации со недивжностите, нивната цена која е содржана во правниот основ за промет со недвижности како и други податоци содржани во изјавите кои ги даваат продавачите/закуподавачите на недвижноста заверени кај нотар.

Во Март 2015 беше донесен и Правилникот за начинот на водење,формата и содржината на Регистарот на цени и закупнини и формата и содржинатана изјавата дадена од продавачот/закуподавецот заверена кај нотар (Службен весник 40/2015). Со овој правилник се уреди формата и содржината на изјавата која ја дава продавачот/закуподвецот кај нотар а се однесува на дополнители податоци за недвижноста потребни за Регистарот на цени и закупнини.
Во овој период беше воспоставено и Одделението за масовна проценка на централно ниво како составен дел на веќе постоечкиот Секотор за Геоматика. Во Одделениото работат 5 референти кои се задолжени за проверка и верифицирање на секоја трансакција одделно, како и за одржување и апдејтирање на Регистарот на цени и закупнини.

По воспоставувањето на сите технички и правни услови, на 18 Март 2015 година со првиот упис на трансакција за купопродажба беше воспоставен Регистарот на цени и закупнини. Отогаш па до 31.декмври 2015 година се регистрирани 20.137 трансакции на недвижностите во Република Македонија. Од овој број на трансакции 60% отпаѓаат на купопродажби додека 40% од регистрираните трансакции се однесуваат на закупи на недвижности. Од обработените податоци досега во градот Скопје имме продажба на 552 стана со просечна вредност од 51.870 денари за метар квадратен, додека во Битола просечната цена изнесува 31.553 денари, додека во Штип метар квадратен изнесува 29.958 денари.

На оваа конференција ќе имаме можност да видиме каков е напредокот на Република Maкедонија во воспоставувањето на системот за масовна проценка, но и да го видиме искуството и начинот на кој еден ваков систем е воспоставен во Шведска која како држава е една од водечките во светот во имплементацијата и одржување на еден ваков систем.

г-дин Славче Трпески – директор на Агенцијата за катастар на недвижност